Кардула: Брзо се заборавија заканите, малтретирањата кои беа секојдневие за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Графичкиот дизајнер, уметник и активист Зоран Кардула, вели дека не може да остане рамнодушен на како што нагласува – познатата и толку пати слушната и прочитана реторика од страна на симпатизерите на вмро.

Тој преку објава на Фејсбук, реагира на вулгарниот говорот на омраза и заканите од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и потсетува: „Очигледно брзо се заборавија заканите, малтретирањата кои беа секојдневие кон сите кои не беа со нив за време на нивното владеење. Не успеаа да еволуираат ни педа за овие години!“

„Не коментирав за изборите, но позната и толку пати слушната и прочитана реторика од страна на симпатизерите на вмро не може да остави човек рамнодушен. Познатото ниво на комуникација го продолжуваат еве веднаш после вториот ден од првиот круг на локалните избори. Очигледно брзо се заборавија заканите, малтретирањата кои беа секојдневие кон сите кои не беа со нив за време на нивното владеење. Не успеаа да еволуираат ни педа за овие години!“, во објавата на Фејсбук, наведува Кардула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e