Деновиве преку социјалните мрежи читаме многу спротивставени коментари и мислења во врска со обелоденувањето на факти околу бугарското државјанство на независната кандидатка за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, а подржана од ВМРО ДПМНЕ и особено е интересно како подржувачите на ВМРО и на Данела, сакаат да ја свртат приказната во правец дека СДСМ прават црна и националистичка кампања.
Но, суштината е во сосема нешто друго, кое е суштинско за секоја јавна личност, особено носител на високи јавни функции. Имено, вистинското прашање е зошто Данела како кандидатака за градоначалничка на Скопје, го криела и сеуште се обидува да го скрие своето бугарско државјанство?
Дали тоа го прави затоа што се срами од своите бугарски корени, или пак затоа што е целосно подржана и би рекла инсталирана од оваа гарнитура на ВМРО ДПМНЕ, која пак така жестоко го напаѓа договорот за добрососедство со Бугарија и напорите на оваа влада да конечно ги решиме сите отворени прашања со сите наши соседи и сите да бидеме дел од големото европско семејство?
Одговорите треба на нас граѓаните на Скопје и на нашата држава, да ги даде лично Данела Арсовска, бидејќи граѓаните треба да ги знаат сите факти за сите кандидати, да ја знаат вистината, да ги знаат мотивите, за потоа да одлучат за кого ќе го дадат својот глас, а не ботовите на ВМРО ДПМНЕ.
Затоа почитувани, не е ниту може да биде проблем бугарското државјанство. Проблем е ЛАГАТА И МАНИПУЛАЦИЈАТА.
ФБ статус на Снежана Калеска Ванчева