Јовановиќ: Зоран, денес седнува во НАТО; од друга страна, ете ви го и Христијан: плука, потценува, негира

Не ставија на светска мапа, меѓу развиените, раме-до-раме со силни држави кои ја почитуваат и афирмираат демократијата. Не’ охрабрија, ни покажаа дека можеме да бидеме подобри луѓе, ни покажаа дека може да се залагаме за политики кои се важни и драгоцени за сите граѓани. Политики кои ќе ја гарантираат нашата безбедност и сигурност.
Другите што направија: не срамеа, не пљачкаа, не оградуваа, не прислушуваа, ни ги гушеа слободите, ги кршеа човековите права, ни се закануваа, не линчуваа, ни измислуваа сплетки, дубари и невољи. И не сиромашеа, сиромашеа, сиромашеа. Земјата ја претворија во клаустрофобична средина преполна со анимистички афекти за нацијата. Сакаа од нас да направат мајмуни.
Па, денес, ете ви го Зоран, денес не седнува во НАТО; од друга страна, ете ви го и Христијан: плука, потценува, негира. Одберете, почитувани, што е што. Деца не сме. И весла не сме цицале. Тие се опциите, други немаме. И фала му на Бога што немаме.
#WeAreNATO

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e