Јовановиќ за ВМРО-ДПМНЕ: До вчера зборуваа дека короната не постои, за денес, Мицкоски да ја споредува пандемијата со Втората светска војна

До вчера зборуваа дека короната не постои, велеа дека се’ е лага, за денес, Мицкоски да ја споредува пандемијата со Втората светска војна. Пандемијата меле во целиот свет, дури и сериозни држави, силни демократии и економии колабираат пред пандемијата, има многу заразени, хоспитализирани и починати. Од друга страна, изјавите на Мицкоски се ужасно штетни. Што би било ако Заев даде оставка, а со тоа и институциите на системот се блокираат? За да си замине Заев, Мицкоски треба да добие избори. Тоа е под број еден.

Број два: хушкање за време на масовна пандемија, барање оставка, правење на притисок на здравствените работници, користење на короната за политичка пресметка е еден вид „воено хушкање“. За ова постои кривична одговорност, бидејќи не помагаш, туку хушкаш и бараш глави. Да, пријатели, тоа се вика „воено профитерство“ кое треба да биде казниво со закон.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e