Јовановиќ: За ова се боревме – за бришење на идиотските меѓудржавни граници како да сме некои блесави терористи

Кованицата “Отворен Балкан” не е важна само за проток на луѓе, стока и капитал, важна е и во време на пандемија. Што значи, најпрво сите бевме благодарни на владата на Вучиќ која ни помогна да се викцинираме со нивни вакцини платени од нивниот буџет. Така што да тргнеме само од тој пример – во време на криза – колку многу е важно пријателството со соседите. Да тргнеме од најлошото, а тоа беше недостатокот на вакцини од пред неколку месеци. Србија ни излезе во пресрет како што треба, затоа што сме нивни најблиски соседи.
И’ да, за ова се боревме: за солидарност, за пријателство, за бришење на идиотските меѓудржавни граници како да сме некои блесави терористи, а не нормални и пријателски граѓани и соседи. Тоа во сржта е и концептот на Отворена Европа.
А тие што се против “Отворен Балкан”, се најобични будалетинки.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e