Јовановиќ за опозицијата: Сами се виновни за својата политичка, идејна и терминолошка конфузија

Мицковци преку некојси Мисајлевски мислат дека корупцијата има врска со владеењето на право, па кога ќе дошле на власт, ќе го врателе владењето на право. Не може поглупаво, жими се’.

Владеењето на право значи дека човековите права и слободи се неотуѓиви, а тоа значи дека државата МОРА да биде инклузивна и’ да ги почитува правата на сите малцински заедници. Тоа е база кога се употребува терминот “владеење на право”.

Кога, пак, зборуваат за корупција, Мицковци преку тој некојси Мисајлевски, треба да ги потсетиме дека корупцијата беше заштитен знак на владеењето на Груевски. Исто така треба да знаат дека преку корупција Груевски во еден период од десетгодишното владеење “заработуваше” 1 милион евра дневно.

Кога зборуваат за корупција, треба да знаат дека сè што беа вчера и сè што се денес ѝ должат на корупцијата.
А кога велат: САД и удри шамар на владата на Заев, треба да знаат дека само пред неколку недели целиот САД беше на “Преспа форумот” во Охрид преку своите претставници. Филип Рикер, познато ли им е тоа име?

Сами се виновни за својата политичка, идејна и терминолошка конфузија. Едноставно не им работи “пемпелето” на рамената. За нивна жал, а на наша среќа.
Убаво рече Заев пред некоја ден: ги победуваме затоа што сме попаметни од нив.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e