Јовановиќ за Мицкоски: Манипулатор, жеден за слава и политички поени

Кога Владата за своите во Штип е “мајка”, а за народот во Вевчани “маќеа”, вели Мицкоски.

Во официјалното писмо на Василичарите во Вевчани не стои дека полицијата била злонамерна и тенденциозна да покаже насилство кон Вевчанци. Од писмото на Василичарите се заклучува јасно дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја провоцирал полицијата, практично “им се подметнувал” за да изнуди конфликт, а потоа типично за сите нелуѓе, да изигрува жртва, да ја обвинува полицијата за бруталност.

Од друга страна, Мицкоски во манирот на “националистички вампир”, вели: “Владата цензурира критика и традиција долга илјадници години, а не спречува роденден на пример во самата Влада”.

Одвратен манипулатор, жеден за слава и политички поени: која е таа критика што владата ја цензурира? Оној манијакален садист инструиран од најлошата партија во историјата на оваа земја што повикуваше на убиство кон премиерот на фејсбук, така ли ја замислува критиката Мицкоски, да врескаш и хушкаш на убиство, а потоа да речеш “тоа било критика”?

Се’ врзува во исто крпче, Мицкоски. Овој човек е непресметан, штетен и продлабочува конфликти. Со еден збор – Мицкоски и во Новата година продолжува да биде штетник.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e