Јовановиќ: Стравувањата на премиерот Заев за Преспанскиот договор се оправдани и длабоко втемелени

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Јуроњуз“ на грчки јазик вели дека постои поврзаност меѓу спроведувањето на договорот и отворањето и затворањето на поглавјата за интеграција. Особено за внатрешна употреба за некои случаи.

„Постои поврзаност, бидејќи нашите пријатели Грците прифатија дека можеме да го сториме тоа поради иднината што Северна Македонија ја има во Европската Унија. И во овој контекст, не постои можност за имплементација на Договорот од Преспа. Дел од него ќе се замрзне, бидејќи не е можно негово спроведување. Ќе се обидеме да имплементираме некои одредби, но двете се меѓусебно поврзани, бидејќи процесот на ротација на поглавјата значи дека ќе го предадеме нашиот национален суверенитет на Европската Унија, вели Заев.“ вели Заев.

Писателот и колумнист на Слободен печат Ненад Јовановиќ смета дека стравувањата на премиерот Заев од договорот во Преспа се оправдани и длабоко втемелени.

„Имено, договорот од Преспа не е само баналната и ужасно површната констатација од типот “Македонија си го смени името”, не, напротив! Прво, а тоа е важно да се потенцира, Македонија го промени името бидејќи се работеше за билатерален спор. Барањето на Европа беше: решете ги сите спорови со комшиите, тоа е вашиот прв предуслов за добивање на ДИРЕКТНИ преговори со Европа. Сите спорови, не само со Грција, туку сите. За нешто повеќе од две години Зоран Заев ги реши сите спорови кои ни тежеа изминативи 30 години, го потпиша договорот од Преспа, го потпиша и договорот со Бугарија за мир и добрососедство.“ – вели Јовановиќ.

Според него тоа докажало дека премиерот на Северна Македонија има политичка храброст и политичка визија,и како што вели Јовановиќ, посебно смисла за лидерство.

„Истото важи и за Ципрас.  Заев покажа дека умее да превземе одговорност во клучните моменти, се’ она што никој до сега не го направил на политичката сцена во земјава. Каде е сега стравувањето на Заев? Путин во “случајот Македонија” и договорот од Преспа доживеа тежок пораз. Да потсетиме – Путин ги ангажира сите расположиви сили во земјата да го спречи договорот од Преспа – прво отворено го поддржуваше Груевски, а работеше против Заев, тоа многу малку луѓе го знаат. Второ, да потсетиме на уште една важна работа: се сеќавате која соседна земја не го поздрави договорот од Преспа? Србија. Кој пред неколку дена бараше Македонија да влезе во сојуз со Србија? Иванка Додовска, член на комитетот на ВМРО-ДПМНЕ. Тука многу јасно се исцртуваат проруските струи во земјава. Ивица Дачиќ ако се сеќавате, имаше големи противења што Македонија го потпиша договорот од Преспа, односно велеше дека Србија погрешила што ја признала Македонија. За да престане стравувањето, Заев треба да истрае и земјава под итно да ја внесе во НАТО што ќе претставува брза пруга за влез во ЕУ и добивање на датум. Затоа што со влезот на Северна Македонија во НАТО ќе значи крај на комшиските империјализми карактеристични уште од времето на балканските војни, и влезот на Северна Македонија во НАТО ќе значи за директно слабеење и маргинализирање на Руското влијание во земјава низ разните инсталации во националистичките опозициони кругови кои циркулираат во и околу денешната партија на Мицкоски, човек кој е прикриен пиун на Никола Груевски.“  – вели Јовановиќ за Ипортал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e