Јовановиќ: Политиката на Мицкоски ќе биде враќање на политката на Груевски

„Треба денес, тука и овде, да се избориме за сеќавањето. Политиката на Мицкоски ќе биде враќање на политката на Груевски. Нивната политичка програма е национализам, изолација и прогон. Тие поинаку ниту разбираат, ниту имаат свест за друга политика. Нивната политика зависи од имагинарни (проектирани) непријатели; тие со предрасуди го хранат своето членство, на тие стеретопи преживуваат како политичка партија. Нивното партиско мото е контра животот, контра самата човечност. Нивната идеја е авторитаризам, неслобода, бидејќи и самите се неслободни луѓе и индивидуи.

А, некои ми велат, што ќе ми е слобода, се мачка ли на леб? Тамо, пријатели, кајшто нема слобода, нема ниту леб. Има изолација, диктатура и психопатски одлуки на еден човек. Не заборавајте.

Моја граѓанска одговорност е да се спротивставам на таквата политика. И не прифаќам дека не знаете која е политиката на Заев, а која е на Мицкоски. Да се одредиме, за мир, соживот и релативен просперитет, или изолација, манија на прогонување и несреќа.

Имате две парадигми, или “Обнова на Македонија”, или на “На прав пат”. Нема простор за коцка и играње со судбината на сите нас. Време е за одлука.

Јас знам што ќе одберам и за што ќе се борам. Со сите ризици, оти што е живот без ризик?“

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e