Јовановиќ: Ниту Заев, а богами ниту Борисов денес се виновни за загубата на госпоѓата Мизрахи

Тоа што на госпоѓата Мизрахи целото семејство и било потепано од бугарскиот фашистички окупатор е работа на сочувство, емпатија и страдање. Од друга страна со сигурност знам дека Заев сочувствува заради нејзината загуба, и во таа смисла никој не би требало да има проблем со тоа. Но, проблемот е на друго место. Ниту Заев, а богами ниту Борисов денес се виновни за загубата на госпоѓата Мизрахи.
Денес, а тоа не го разбираат или не сакаат да го разберат националистите: ние не браниме личен, семеен или партикуларен (тесно партиски!) интерес, туку Договорот со Бугарија треба да брани универзален и Европски интерес на денешните и утрешните генерации. Билатералниот договор меѓу две држави во себе има универзалистичка вредност, националистичкото сеќавање во себе нема универзална вредност и е чисто партикуларно. Што значи: ти го спомнуваш семејното страдање заради личен и партиски интерес. Тоа е клучна разлика.
Не можеш да обвиниш цел народ за фашизам, добро вели Заев. И потенцира дека имаме одговорност за иднината на сите генерации да го решиме спорот со Бугарите.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e