Јовановиќ кон Ѓорчев: На власт се доаѓа ако имате конкретна понуда, ако знаете да аргументирате и ако луѓето во вас препознаат нешто добро

Влатко Ѓорчев вечерва дојде во Кавадарци, па да видиме што конкретно сака од Кавадарчани.
“Има нешто длабоко во нас”, вели Влатко Ѓорчев. Нема ништо во вас длабоко, освен што не сте закачени на државна дојка (или што би рекол Ерих Фром, првиот поредок на детето се мајчините млечни жлезди);
“Воздушки, чувства, емоции” во политика, Ѓорчев, треба да се разбере дека се непожелни. Со чувства, односно фатазми, трансцеденции и ирационалности државен буџет не може да лапате. Туку на власт се доаѓа ако имате конкретна понуда, ако знаете да аргументирате и ако луѓето во вас препознаат нешто добро;
“Нешто кое ние треба да им го дадеме на нашите деца”, вели Ѓорчев. Дајте им топол дом, Влатко, не ги индоктринирајте и оставете ги да го бираат својот пат;
“Ние сме во паркот на револуцијата која симболизира големи револуции”. Ѓорчев, паркот на револуцијата го уреди Митко Јанчев, ако не беше тој, сега ќе беше темно и неубаво катче. Еден вид измислен рај за мачкино ебалиште.
“Ќе дојде револуција, ќе дојде македонска пролет”, вели Ѓорчев. Влатко е сув чиновник кој беше “уштекан” 20 години на државни јасли. А, ако пак навистина дојде време за револуција, Влатко не е глупав, прв ќе се повлече, а Јованчев ќе го пушти напред орно да јуриша кон никаде.
Влатко, те слушнавме. Вие, да бидеме искрени, наместо партија, идеални сте за играорна секција. О-па-иха!

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e