Јовановиќ: Која е Данела Арсовска?

КОЈА Е ДАНЕЛА АРСОВСКА?
Во текот на кампањата, кандидатката за Градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска ОДБИВА да зборува за своето потекло. Од долунапишаното, јасно е и зошто Данела бега од одговори пред јавноста!
👉Татко на Данела Арсовска(моминско Јовановска) е Ванчо Јовановски, екс началник во УВР-Скопје при МВР на РМ, во периодот кога Бранко Црвенковски е Премиер, а министер за внатрешни работи е Томислав Чокревски(период ’96-’98). Додека Јовановски(таткото на Данела) е началник во МВР, во 1997 година од депото на министерството ИСЧЕЗНУВААТ 28 килограми чист кокаин. Кокаинот заврши во раце на Петрит Аме, личен пријател на Јовановски и Црвенковски, додека судската постапка заглави во судските лавиринти, а случајот СЛУЧАЈНО застаре. Јовановски, во месец јуни 2003 година оди во инвалидска пензија.
По само две години од настанот во МВР, таткото на Данела гради објект кој има првична намена да биде хотел, но потоа станува дом за стари лица ХАРМОНИЈА каде како содружник се јавува Тодор Терзиев. Но ова не е единствената фирма каде Јовановски е основач, има неколку:
-ТИТАН МОТОРС ДОО Скопје(заедно со Дане Јовановски), каде ќерката Данела Арсовска била вработена пред да се кандидира за Градоначалник;
-РОЈАЛ ГРУП ДООЕЛ Скопје, каде како економист претходно работела ќерката Данела Арсовска која била и управител на фирмата заедно со Дане Јовановски;
-ЕКО РОЈАЛ ДОО Скопје;
-Друштво за угостителска дејност РЕСТОРАН БУМЕРАНГ ДООЕЛ Велес;
-Друштво за производство, трговија и услуги БУЛ РОЈАЛ ДОО Скопје;
❌Освен во фирмите на татко ѝ, Данела Арсовска НЕМА ДРУГО РАБОТНО ИСКУСТВО
👉Мајката на Данела Арсовска е Марика Јовановска. Таа се јавува како сопственик на фирмите ИМПЕРИАЛ СПОРТ ДООЕЛ Скопје и ИМПЕРИАЛ ДООЕЛ Скопје. Втората фирма ИМПЕРИАЛ ДООЕЛ е со седиште на адреса НАРОДНИ ХЕРОИ ББ Спортска сала РАСАДНИК. Во 2002 година, кога министер за финансии е Никола Груевски, Марика Јовановска(мајка на Данела) потпишува договор за закуп на спортската сала РАСАДНИК со месечна закупнина од 1000 евра. Во член 4 од договорот, Марика се обврзала да ја реновира кровната конструкција, да го смени паркетот на теренот, да ги реновира соблекувалните и да го уреди просторот окулу салата. На овој договор, Јовановска подоцна потпишала нов АНЕКС со кој се надополнува член 4 каде се додаваат и хотел со 24 легла, 5 терени за сквош, фитнес центар, отворен базен помошни простории и 15 бунгалови.
Но ништо од тоа не е направено. Спортската сала пропаѓа, а фирмите на Данела и Марика во 2021 година, должат 54.000 евра за струја.
Во 2019 година, Данела Арсовска како претседател на Сојузот на Стопански Комори, ја предложува својата мајка Марика Јовановска за член на Советот за Статистика. Таа до Претседателот на собраниската комисија за одлучување по избори и именувања, Илија Димовски, доставува предлог со CV на Марика Јовановска за нејзин избор во Советот за статистика и да зема по 10.000 денари од оддржана седница.(Сл.весник бр 107 стр.5 2019г.) Тоа е истата онаа Даниела која додека и средувала на мајка ѝ месечен приход од десетици илјади денари, тврдеше дека платата од 8.000 денари им е доволна на работниците.
👉Данела Арсовска во својата работна биографија може да забележи само работно искуство во фирмите на татко и Ванчо Јовановски. Данела истовремено со Дане Јовановски се јавува како сопственик на неколку фирми:
-АЦЦОУНТИНГ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје(сметководствено биро)
-РОЈАЛ ЦЕНТЕР КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје(фирма во чија сопственост се хотелите на Ванчо и Дане Јовановски)
-РОЈАЛ ДООЕЛ Скопје(фирма во чија сопственост се хотелите на Данела)
-РОЈАЛ ГРУП ДООЕЛ Скопје
,,Интересен” факт за Данела Арсовска е тоа што таа сеуште е почесен конзул на Унгарија во конзулатот во Штип, каде е и единственото овластено лице за потпис на унгарската документација. Таа е назначена по барање на Виктор Орбан, човекот кој му даде азил на Никола Груевски, кој пак ѝ одобрил на Данела и нејзината мајка Марика да стопанисуваат со салата Расадник. Се поставува прашањето со што Данела заслужи да биде унгарски конзул во МК?!
Повеќе од јасно е дека Данела не е независна и дека таа лично одработува за Бранко Црвенковски, Никола Груевски и Христијан Мицковски. Жената која нема ниту 1 ден стаж во фирма за производство, која беше против покачување на минималната плата за повеќе од 140.000 работници и која ја остави салата Расадник во руинирана состојба со долг од 54.000 евра ниту знае, ниту е способна, ниту смее да го води Град Скопје и да одлучува за буџет од над 100 милиони евра.
#НеЗаДанела #НикогашПовеќеРежим

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e