Јовановиќ: Целта на Героски е отцепување гласови од демократската јавност

Идејата на Героски е следна. Целта му е да го фрли колку што може повеќе во очај членството на СДСМ и оние граѓани кои припаѓаат на демократската јавност. Оти, видете, Героски знае дека никогаш нема да биде авторитет во ВМРО, никогаш не може да биде препознат во тој политички кампус.

Значи свесно или несвесно тој човек прави активна штета на СДСМ, а со тоа создава “пасивна” корист за Мицкоски. Целта му е само да ги отцепи оние гласачи кои природно и припаѓаат на СДСМ, и гласачи кои природно припаѓаат на демократската јавност во земјата.

Повторувам, Героски никогаш не може да биде авторитет во кампусот на Мицкоски. Никогаш. Ниту во најкошмарниот сон.

Очигледно е да не му пее петлето во владата на Заев, и спремен е, а тоа е повеќе од очигледно, да прави што активна, а што пасивна штета. Целта му е да отцепува гласачи на СДСМ и демократската јавност. Нему баш му е гајле за договорот од Преспа, идентитетот и слични метафизички испарувања. Нему му е важно единствено само тој да се случува, само тој да арбитрира, само за него да се зборува, а во јавниот простор да се однесува како Мао Це Тунг.

Но, сепак, повеќе од сигурен сум дека ништо од ова нема да му пројде. Заев добива нов и чист четиригодишен мандат. Доброто повторно ќе преовладува во оваа земја, без разлика колку и да се труди таа штелувана (и индуцирана) „критичка“ јавност.

Доброто сепак ќе победи. Искрено верувам во тоа!

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e