Јордановска: Нефункционалноста на нашите институции се докажа на дело

Знам дека за ова ќе бидам распната, исто како што бев против фотографијата на Катица како седи на тераса во домашен притвор.
Но, тргам од јавниот интерес.

Нелегално стекнати пари се едно. Сексуална ориентација или кој со кого се бавта приватно е друго. И срам ми е да ги слушам тие разговори кои немаат допирна точка со јавниот интерес. Уште посрам ми е да ги читам коментарите под постот.

Јас бев една од првите која алудираше на овој криминал поврзан со Боки 13, но во моментов ми е срам што секоја афера во јавноста се вплеткува и отплеткува врз основа на бубици и снимени разговори на своја рака кои потоа завршуваат на Youtube, онака како на некој му одговара.

Тоа говори за нефункционалноста на нашите институции, а тоа впрочем и се докажа на дело – една власт падна поради прислушувани разговори, но видовме дека тоа не е доволно за да се задржи другата власт што ја наследи.

Дајте луѓе да го следиме јавниот интерес. Тоа е најмалку што можеме да сториме.

ФБ статус на Мери Јордановска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e