Излезете, драги „опозиционери“ од филмот на Груевски и Мицкоски

Многу се лупета за „малиот шенген“, а се заборава една важна работа. Шенгенскиот договор е еден од најважните договори во историјата на Европските интеграциони процеси. Со негово потпишување во 1985 година, Белгија, Холандија, Луксембург, Франција и Германија ги укинаа внатрешните граници ѝ ја укинаа контролата на движење за своите државјани внатре во „шенгенската зона“. Денес, благодарение на шенгенскиот договор е возможно да се патува без никакви гранични бариери и контроли од Балтичкото море до Атлантикот.

Сакам да кажам, излезете, драги „опозиционери“ од филмот на Груевски & Мицкоски.

Зоран Заев ја прави оваа земја за да можат луѓето да живеат едни со други, како внатре во земјата, така и надвор; а Мицкоски сака да прави земја во која луѓето ќе живеат едни против други. Важна разлика. Затоа, вие може да ги хејтате комшиите, Рама и Вучиќ, да велите, „не ни дадоа датум, ама затоа ни дадоа селски Шенген“, но, сепак, важно е дека комшиите не може да се бираат. Ако ние одлучиме да имаме сојузници и пријатели во комшиите, ние ќе имаме сојузиници и пријатели. Тоа е она што ми се чини дека оваа влада го прави. И тоа е клучна разлика на оваа со претходната влада.

ФБ Статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e