Интервјуто со Мицкоски на ТВ Алфа: Шпекулации, теории на заговор, сеење страв и подгревање тензии за пописот

Во гостувањето на ТВ Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“ на 1 септември 2021, во делот во кој се зборуваше за претстојниот попис, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги потврдуваше нафрлените шпекулации од водителот, при што „зготви“ турлитава од теории на заговор, сеење на страв, подгревање етнички тензии и ширење недоверба кон институциите што бројат гласови, како што е ДИК, со која, пак, раководи кадар предложен токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Целата емисија изобилуваше со шпекулации и манипулации, но во оваа анализа ќе се фокусираме само на оние спорни и манипулативни тези кои се однесуваа на пописот, кој е од исклучителна важност за јавниот интерес. Да одиме со ред.

1. Новинарско прашање кое подгрева шпекулации и етнички тензии
Горан Момироски, водителот на „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, го праша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски:

„Едно прашање околу пописот – неколку луѓе ме замолија да го поставам ова прашање – имаме ли простор за сомнеж дека на пописот може да се случат манипулации, и не знам сега, како што ми беше поставено прашањето, Македонците да паднат под 50%, а Албанците да се качат над 40?“

Имајќи предвид дека прашањето е конкретно, и содржи претпоставки со конкретни бројки, малку е веројатно дека би можеле да го постават „неколку луѓе“, освен ако тие луѓе немале инструкција да го постават токму тоа прашање и токму со тие бројки.

рашањето содржи претпоставка или шпекулација од извори кои не се назначени, иако јавноста има право да ги знае изворите за да го процени нивниот кредибилитет и мотивација. Новинарски легитимно е да се постави прашање „имаме ли простор за сомнеж дека на пописот може да се случат манипулации“. Во тој момент, текстот на кајронот се менува со пораката:

„Пописот почнува, државата неподготвена, бојкотот реалност“.

Но во вториот дел од прашањето се специфицираат конкретни етнички заедници и бројки на проценти – „Македонците да паднат под 50%, а Албанците да се качат над 40“ – шпекулации кои значително отстапуваат од процентите на последниот попис од 2002  (Македонци – 64.18% и Албанци – 25.17%).

Целата анализа на Жарко Трајаноски за ЦивилМедиа прочитајте ја на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e