Храброста и човечноста наспроти бездушноста и омразата

„Голема трагедија, Господ нека ни е напомош“ – напиша во коментар една корисничка на Фејсбук веднаш по пожар што изби во модуларна болница за лекување од КОВИД-19, ноќта на 8 септември во Тетово. Четири минути по тој коментар, се појави коментарот: „Зошто напомош? Нека испоцрка ова племе?“ (профил под името „Ѓоре Димитриевски“).

Додека се бројат мртвите и повредените во ужасниот пожар што изби во болницата, мразачите го најдоа своето место, на првите линии на Фејсбук и Твитер боиштето.

Извештаите од тимот за следење на дезинформациите и говорот на омразата навираат. Чудовишна омраза, тотална бездушност – констатирам уште еднаш. Доцна во ноќта пристигнуваат и првите цртички на анализата. На мониторинг тимот, добро им е познат дел од оние што и оваа трагедија ја искористија да шират омраза на социјалните мрежи или „одеднаш“ покажаа „загриженост“ за тоа кој може да биде одговорен за трагедијата. Пожарот сѐ уште беснееше, но тие веќе навлезени „длабоко во Фејсбук-Твитер-истрага“.

Во електронското сандаче ми влета и фотографски запис од коментар во кој се вели: „Ќе гори, нормално. Само на тој начин може да престане оваа хистерија во државата и присилно вакцинирање и воведување мерки“. Тотална бесмислица, но луѓето ја читаат, ја одобруваат и споделуваат. Во еден друг коментар од извесен профил под името „Радица Арсоска“ се вели: „Сите нека изгорат“.

Наспроти оваа незамислива бездушност и омраза, стојат луѓето. Пожарникарите и лекарите на првата линија, а веднаш потоа и новинарските екипи (јавноста) и целиот државен врв, веднаш влегоа во битка со трагедијата.

Некој во тие драматични ноќни часови, кога телефонските повици и разговори со луѓето околу мене се претопија во една огромна френетична маса од информации, полуинформации и длабоко емотивна комуникација, ми рече: „Луѓе што се бореле за здив и тие што се бореле за нивното здравје, живи гореле во огнот.“

Целата колумна на Џабир Дерала за Фронтлајн на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e