Хоџиќ: Поддршка за принципиелната позиција на министерот Димитров за Хандке

Негирањето на геноцидот во Сребреница е антицивилизациски чин. Посебно актуелен околу доделувањето на Нобеловата награда на оној несреќник Хандке.

Геноцидот во Сребреница е потврден со судска пресуда во меѓународниот суд во Хаг, како единствен геноцид на тлото на Европа после втората светска војна.

Геноцидот во Сребреница е влезен во институционалната меморија на ЕУ, САД, Канада, В.Британија, Германија… но и во нашата држава, а сеќавањето на жртвите се организира секоја година.

На 04.02.2010 година Собранието на Р. Македонија усвои Декларација за поддршка на Резолуцијата за Сребреница на Европскиот парламент. Со декларацијата се осудува геноцидот врз 8 илјади Бошњаци во Сребреница.

Откако Заев е премиер, кабинетот на премиерот секоја година со соопштение потсеќа на страдањето на жртвите во Сребреница.

Во парламентот на Србија исто е усвоена декларација со која се осудува злочинот во Сребреница. Елементите во декларацијата јасно зборуваат за системскиот злочин направен во градот, но без зборот “геноцид“. Русија го искористи правото на вето, по барање од Србија, за да го блокира признавањето на геноцидот во Сребреница на иницијатива на В.Британија, во ОН. Следуваше жесток одговор од САД, ЕУ, В.Британија, Германија…

Граѓанското општество во Србија, предводено од “Жене у црном”, како и демократските политички сили, предводени од пратеникот Чедомир Јовановиќ (кратко време потпреседател на Владата на Србија), редовно и секоја година го одбележуваат геноцидот во Сребреница, а ја опоменуваат државата Србија дека треба да го признае геноцидот во Сребреница. Свеста по ова прашање во јавноста во Србија се подобрува секоја година, во корист на цивилизациската позиција.

Од тука, сакам јавно да ја поддржам принципиелната позиција на министерот Димитров, како и неговата одлука да му даде насоки на нашиот амбасадор во Шведска да не учествува во церемонијата за овогодинешното доделување на нобеловата награда на Хандке.

Кристина Доктаре, шведска докторка и авторка, која има добиено Нобелова награда за мир во 1988 година, како членка на мировните сили на ОН, ја врати престижната награда, во знак на протест против врачувањето на Нобеловата награда за литература на Хандке.

Што се однесува до позицијата на градоначалникот на Центар, објавена на социјаланите мрежи, лично жалам што се позиционира на погрешната страна на историјата. Сега ја очекувам принципиеланата реакција на граѓанските организации, посебно на оние кои се залагаат за човекови права.

ФБ статус на Џељо Хоџиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e