И Груевски бара одговорност за медиокритетите

Од Будимпешта се огласи и поранешниот премиер Никола Груевски со зборови на сочуство и утеха до семејствата на загинатите барајќи одговорност за трагедијата во Тетово, бидејќи „заради нечија негрижа и неодговорност тие луѓе изгореа во пламените јазици.“ На начинот на кој Груевски се обраќа до јавноста, човек би можел да помисли дека е загрижен лидер на опозицијата, а не азилант кој избега од татковината заради неговата голема моралност и етичност.

Груевски вели: „мора да има одговорност и независна истрага и севкупна постапка. Прашањата за широко распространетата неодговорност која произведува скандали и трагедии толку често, за незнаењето, непрофесионалноста и владеењето на медиокритетите над најнапредните во општеството се теми за поширока дискусија и причина за длабоки промени…“

Ете и ова ни се случува- Груевски да држи лекции за морал и одговорност, наложувајќи непристрасна истрага, но истовремено констатирајќи незнаење, непрофесионалност во владеењето на медиокритетите. Груевски понуди и излезно решение со неопходноста од длабоки промени. Какви се тие длабоки промени веројатно набргу ќе дознаеме бидејќи како што напишал, сега за тоа не е време.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e