Градоначалник на „службен пат“ во Инфективно одделение

„Како градоначалник на Прилеп и шеф на Општинскиот кризен штаб, јас и мојот тим постојано укажувавме на мерките за заштита, на неоходноста од носење маски, дистанца… Вложивме многу напори, одржавме многу прес -конференции, а гледам бројките растат и стануваат загрижувачки. Решив со личен пример најдиректно да се вклучам во битката против болеста. Лекар сум, знам во вакви времиња колку е важна и помошта за пациентите, и помошта за колегите. Не сакав да се наметнувам. Најпрво разговарав со директорот на болницата и со колегите од Инфективното одделение, и им ја понудив мојата помош, која со задоволство беше прифатена“, објаснува Јованоски.

Одлуката е вредна за почит, со оглед дека и самиот спаѓа во возрасна група која е поранлива на вирусот.

„Знам дека припаѓам на ризичната група од возраст над 60 години, каде е поголема можноста да добијам инфекција или да заболам. Но, тоа е пресметан ризик. Како општествено одговорен граѓанин и како лекар кој се обврзал на Хипократовата заклетва, решив да се ставам на располагање на моите колеги, од секој аспект. Се чувствувам здрав и сметам дека можам да издржам“, дециден е Јованоски.

Ставете маска

И покрај тоа што македонските здравствени власти постојано предупредуваат дека носењето маска е важно за превенција од пандемијата на коронавирус, дел од луѓето сѐ уште се противат на носење маски. За неносење маски казната за граѓаните е 20 евра, за правните лица – 2000 евра. Затоа влезовите на продавниците од почетокот на пандемијата се „украсени“ и со вакви предупредувања.

На познат терен

Во прилепската општа болница тој е на познат терен. Пред да стане градоначалник таму бил директор, а бил и заменик директор во периодот од 1995 до 1998 година. Во лекарската кариера зад себе има околу 6.000 операции. Но, денес работи сѐ што налага состојбата и потребите.

„Работам се што треба – и како болничар, и како медицински техничар и како лекар. И да подадам вода, и да сменам инфузија, и да поткренам пациент, и да го прегледам“, вели Јованоски.

Има пофални зборови за ангажманот на раководството на болницата и за севкупниот медицински персонал, бидејќи битката со Ковид-19 не е само на Инфективното одделение, туку и на одделението за уво, нос и грло, на очно, дел на гинеколошкото, и во еден тракт од интерното одделение. Вели дека со ангажман на болницата биле зголемени и капацитетите на Дневниот центар каде 50-тина пациенти во полесна состојба добиваат терапија и инфузја, па сега е обезбедена и дополнителна просторија за тие потреби во одделението за физикална терапија.

Целиот текст на Катерина Блажевска за Дојче веле на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e