“Глобал” ќе се поправи, штетата материјална ќе се надокнади, ама изгубената човечност никако…

Речиси и не можев да спијам од немир… од кнедлата во грлото…Не знам дали навистина Македонија е прогласена за најнесреќна земја во светот, според тоа што го објавија некои портали пред некој ден, иако знам дека има Извештај за најсреќни и најнесреќни земји според кој од 156 земји сме на 90 место, објавен во Март 2020 година, ама сигурна сум дека дури и да е така нам навистина ни и е местото таму на дното како најнесреќна земја.

Зошто!?Не може среќа да има таму каде што има толку злоба и пизма, каде се плука, се лаже и сеир се тера како тука. Не се другите народи ниту попаметни, ниту подобри од нас само научиле како да се поддржат еден со друг и да не дозволат никој да пропадне. Не може среќа да има каде се удира, плука и напаѓа убавото и успешните се’ додека не пропаднат и не се уништат. Не може среќа да им каде злорадоста е пред радоста, каде злото е пред доброто.Затоа сме тука каде што сме.

Несреќата си оди рака под рака со злобата. Еве вчера имаше уште еден еклатантен пример. Пожарот во “Глобал”… “Глобал” ќе се поправи, штетата материјална ќе се надокнади, ама изгубената човечност никако. Ќе остане горчината дека не се помисли на оние кои беа меѓу пламените јазици, на пожарникарите, нивните животи здравје, ниту на нивните фамилии кои дома се тресеа, ниту пак се помисли на луѓето кои гледаа како им гори речиси се’ што стекнале во животот, ама важно е да гори “Глобал” зошто не е дело на политиката пред која тие се поклонуваат.

Изгоре со пожарот и надежта дека некои нештои научиле и во 2020. Јасно е дека емпатијата им е туѓа, сочувството со туѓата мака и болка голема непозната…остана само ситењето и злорадоста… Нема среќа изградена на туѓа несреќа!Несреќата си оди рака под рака со злобата!Не може да сте среќни ако толку отрови сте насобрале во себе! Колку и отров да блуете останува и во вас!Затоа ќе сме долу на дното со најнесреќните.

И уште еднаш си покажа со збор и дело дека ништо поарно и не заслужува овој народ таков каков што е во многу голем број зошто сам донел одлука да ја избере злорадоста пред радоста, злото пред доброто.Изворот на несреќата запамтете не е ситуацијата во која се наоѓаме туку какви ни се мислите и ставовите за неа. Престанете со изговори, секој од нас ја има контролата колку ќе се почитуваме и колку ќе си помагаме…колку секој од нас ќе биде човек

ФБ статус на Тања Илијоска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e