Глас за ВМРО-ДПМНЕ во Центар е глас за криминалот

Да гласаш за криминалци не е незнаење туку сочесништво – рекол познатиот Џорџ Орвел.
А општината Центар во Скопје во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ со неа, стана седиште на криминалот на таа партија.
Затоа денес кога историчарката Наташа Котлар што ја кандидира ВМРО за градоначалник на Центар изјавува дека „криминалот на ВМРО во Центар бил историја“ за која таа не сака да разговара, станува јасно дека бега од расправа за нешта кои со погрешен избор можат да ни се повторат.
А што би сакала да заборавиме?

ПРЕГЛАСУВАЊЕ ДО „ДЕВЕТИОТ КРУГ“

Таа би сакала да заборавиме :

На сите методи со кои Партијатата што ја кандидира, се обидуваше да ја добие власта во Центар во 2013 година. На блокираните лифтови, на гласачите од Пустец, на отворањето на црните вреќи со гласачки ливчиња, на понишувањата и прегласувањето до „ деветиот круг“.

Да заборавиме на тортурата и злоупотребата на полицијата и судските органи во случајот „Власта против Шиповиќ“ само за да се оневозможи мнозинството во него да не ги ревидира криминалните урбанистички планови

Би сакала да заборавиме на „Шамарите во Центар“ кога Груевски им порачуваше на своите хулигански орди предводени и од свештеници да влезат на седница на Советот и да му удрат два три шамари на Градоначлникот, затоа што „тоа не било кривично дело“.

Треба според неа, да заборавиме на минпулациите на владиката Агатангел за наводни промени на урбанистичкиот план со кои ќе се спречела изградбата на храмот Свети Константин и Елена, кој сега банкротиран го продадоа за милиони евра на еден од нивните изведувачи на седиштето на нивната партија познато како „Белата палата“.

РЕВИЗИЈАТА НА „СКОПЈЕ 2014“

Сака да заборавиме на случајот со „Плацевите на Водно“ кај што Груевски си купил плац за „џабалук“.

И мисли дека е добро да заборавиме на извештајот од експертите на поранешната Комисија за спречување на корупцијата Слаѓана Тасева и Драган Малинковски, по ревизијата на проектот „Скопје 2014“, во кој се говори за „злоупотреба на службената должност во општина Центар, при случучувањето договори за леењето на споменици во Фиренца и исплаќањето на високи хонорари, при што буџетот на општина Центар бил оштетна за најмалку 11 милиини евра.

Тогаш, некои и од сегашните функционире на ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека „се тресела гората, а се родил глушец„.

За нив беше „глушец„ или нешто многу малку тоа што во тој извештај беше откриени дека, за споменик во големина на споменикот Скендер Бег кој чинел 80 илјади евра, од општинскиот буџет се плаќале милионски суми во евра.

ТОА НЕ Е ИСТОРИЈА

Така на пример, за споменикот на Гоце Делчев и Даме Груев само на лерницата Маринели во Фиренца и биле исплатени 850 илјади евра, за леење во бронза на споменикот „Прво заседание на Асном„ биле платени над еден и пол милион евра, за споменикот „основачите на ВМРО“ еден милион евра, за „Гемиџиите“ еден милион евра, а дури и по воведување на електронското наддавање тие, за секој споменик до крајот на 2010 година исплаќале двојно повисоки цени од онаа на вториот понудувач.
Целата колумна на Ѓорѓи Спасов за Фокус на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e