Ѓорѓиева: Ако земјава се испразни од својата суштина – НАРОДОТ, ќе ја нема ни неа

На здрав разум полесно за издржување е прифаќање на заблудата одошто влечење на надежта во круг барајќи каде е почетокот а каде крајот.

Корупцијата е болест на болни системи, во кои формалноста ја покрива суштината на причините за болеста, кои парадираат како решавачи облечени во одела од 3.000 евра, со плати над илјадници евра, убедувајќи го народот дека може да биде среќен што зема 250 евра а тој аплаудира за 10 евра.

Факт е дека корупцијата е проблем и уништувач на една држава по сите основи, а кога ќе зајакне многу, станува директен убиец на слободата и демократијата.

Затоа во земји кои ја одржуваат рамнотежата помеѓу злото и праведноста оние кои ќе бидат фатени и откриени во коруптивни дела ги губат сите функции и одговараат пред законите и правдата.

Македонија е мала земја со сиромашен народ и богати политичари.

На политичка сцена се уште се одредени криминални структури кои се причина за нерешавање на корупцијата и криминалот и тие тоа го нарекуваат политика, а народот што треба да ги изгласа да ја имаат моќта на недопирливи, дел преживува и умира а голем дел се пакува и заминува.

Ако земјава се испразни од својата суштина – НАРОДОТ, ќе ја нема ни неа.

Но, ако се испразни од причините на болеста ќе ја има и земјата и народот и можноста лекот – принципиелноста, чесноста, професионалноста, вистината, да ги втемели како база, коридор на иднината.

Идејата ми е, земјава да ја напуштат сите кои се креатори и одржувачи на корупцијата, па и да си го земат украденото со себе. Колку и да е украдено, земјава раѓа и додека е живо ткиво ќе има и живот по рушевините во системот.

Се’ друго е само моделирање форма на илузија и хранење на болеста, а кога болеста веќе нема да се контролира може да прокрвари а тоа се вика немири и војна.

Подобро без стотина пребогати, одошто илјадници сиромашни, а вредни помалку.

Оставете ја татковината да го храни секој што се раѓа за да остане во неа.

Ќе ви простиме се’. Земете што сте украле и заминете. Ова парче земја заслужува да живее.

ФБ статус на Ивет Ѓорѓиева

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ