е-Бачев

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Кокаланов за Призма:

-Некои ај-ти експерти тврдат дека доколку Јанко Бачев успеат да го претворат во Андроид апликација, тој би станал е-Бачев.

Јас сум скептик дека овој Андроид на македонската политичка сцена е апликативен за каков било оперативен систем, дури е залудно потрошена РАМ-меморија и за оперативниот систем на руското разузнавање, но тоа не значи дека како вирус-тројанец е сосема безопасен.

Имено, е-Бачев не може сам по себе да го сјебе македонизмот, но овој Тарас Буљба на македонската политичка сцена ќе продолжи да тарашка сè додека има макар и една најмала шанса во оперативниот систем на Македонецот да се измешаат сесловенските и античките фајлови.

е-Бачев и неговата солзопресушителна ебачка фаланга е, сепак, поголем предизвик за ВМРО-ДПМНЕ отколку за државата. Оваа некогашна партија, веќе подолго време пререгистрирана како злосторничко здружение и руски офшор во земјава, е пред сериозно распетие. Од една страна влече струјата која смета дека треба да останат дел од Европските народни партии, макар и како Орбанов приврзок, а од друга страна е надојдениот тихи Дон, кој доживува мултиплекс оргазам од јавните настапи на Влахов Мицов

Целата колумна на Сашо Кокаланов во целост прочитајте ја ТУКА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e