Договорот и Македонците

Договорот со Бугарија, како, впрочем, и милион други работи со кои треба да се изврши реконструкција и реконституција на Република Македонија, не можат да се извршат со респекти кон македонските историски комплекси, кон искривените и лажни самочувства и, особено, кон антипатриотските патриотистички просерувања од вмровски или некој сличен вид, туку наспроти нив, во конфронтација од која не смееме да се откажеме ако имаме некое претчувство дека ќе биде жестока, затоа што со таа смрдеа конфронтацијата ќе биде лесна и безболна, ние ќе летаме на крилата на слободата и новите перспективи, а тие говна ќе останат залепени околу дупката што успеале да ја промашат шупците што ги исрале.
Не со помош на нашата историја каква што ја знаеме, туку против неа!
Тоа е суштината на Нова Македонија!
Јас ја разбирам поентата на Заев кога вели дека “со договорот за добрососедство со Бугарија, Владата уште еднаш ја афирмирала посебноста на македонскиот народ, македонскиот јазик и на македонскиот идентитет…” и дека “нема дилеми дека во договорот се работи за две држави, два народи, два јазика”, но не ја прифаќам, ми звучи како да му се додворува на македонскиот страв и како да го респектира квазинационалистичкиот вмровски политички фолклор на оние што ја доведоа оваа земја и нацијата, посебно, пред исцрпување на историското време, имено, користејки го истиот тој страв. Таа интонација е повеќе демонстрација на нашето неверување во себе, како традиционална дисциплина од која потоа ги влечеме инспирациите за сите кавги и, во крајна линија, за историскиот крах како сопствен избор.
Сосема е доволен другиот односно првиот дел од образложението: “Со договорот се отвораат нови перспективи на соработка со соседите и на забрзување на процесот на интеграции во Европската Унија и во НАТО. Реткост се вакви договори помеѓу две држави без посредство на големите сили”.
Толку.
Мораме да престанеме да бараме потврда за себе во сферите во кои сме ништо.
Една жена од сто години нема потреба да го поткрепува интегритетот на својот седумдесет годишен син со изјава дека тој одамна не цица.

Бранко Тричковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e