Договорот со Грција не е слабост, а веќе мириса и на исполнет предизвик

Ден потоа

Сосема е логично да има изразени емоции кај сите граѓани. Ова прашање не е само политичко.
Но, ако на фактите гледаме со отворени очи и разум, тие се многу јасни.
Бројката на демонстранти на денот на Договорот ви открива не само дека луѓето ја разбираат неговата неопходност, туку и нешто многу подлабоко – дека ова прашање беше резултат една страшна злоупотреба на спорот низ годиниве и тука и во Грција. Со амин од оние на кои не им одговара стабилен, безбеден и пред се’ европски Балкан.
Сите власти спорот го издигаа на ниво на мит, на нерешливо прашање, јазол што не може да се отплетка без да тече крв дома, без да дојде крајот на светот.
Да беше навистина така, вчера ќе имавте двеста до триста илјади бесни граѓани, навистина скршени од болка од “неправдата” гладни за крв.
Што гледаме наспроти тоа?
Дека некој навистина и понатаму се труди да тече крв дома, брат со брат да закрви, народот да го злоупотреби, да гинат деца и да гнијат по затвори за нивните задници сместени низ центрите што допрва ќе роварат да бидат на топличко.
Но, играта не им минува. Прочитана им е и отфрлена како што се отфрлаат клетви од погани усти и злобници. Така и ќе им се врати и скрши од глава.
Денеска е јуни 2018. Немојте да ве лаже умот дека денеска вие ќе го враќате Македонецот во црни времиња и други векови. Македонецот сака иднина. Сака слобода да избере. Си ги сака можностите и перспективите што ги заслужува. Ја гледа сликата од Преспа и ја гледа оваа што му ја цртате тука и добро знае каде припаѓа и за која ќе се одлучи.
Реков пред некој ден, допрва ќе стануваат вресоците и хистеријата поголеми. Но, еднакво со нив ќе расте и одлучноста на граѓаните дека направен е вистинскиот избор.
Не трошете енергија на црни сценарија. Ќе ни требаат тие сили за да успееме во ова, светлово. Оти тоа е само почеток на една нова приказна. А во таа приказна ќе ни треба многу работа. Од сите граѓани и сите одговорни. Владата во една година покажа дека колку што е непобитен фактот дека брше моќна да ја види големата слика, толкави се дилемите околу способноста за истата и да ја наслика. За тоа ни се потребни домашни бои и тука се слабостите. Конструктивно, наосочено и одговорно мора да критикуваме и да бараме бескомпромисна борба со криминал, корупција, непотизам, неработливост, партизација и политиканство. Да размислуваме кои се нашите вистински предизвици и нашите слабости.
Договорот со Грција не е слабост, а веќе мириса и на исполнет предизвик.
Не дозволувајте да ве навлечат на мала врата да влезете во поле на лаги и измами и да заборавите што ни е вистинската борба, кои се вистинските теми во земјата денеска и како ќе стасаме до едно модерно, демократско и европско општество. Насилството не е вредност!
Фокус, одговорност и визија. Разумот пред емоцијата… и ќе биде се’ во ред 🙂

Фејсбук статус на Катарина Синадиновска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e