Дипломатската офанзива на Мицкоски

Е, сега веќе можеме да здивнеме, трите најголеми проблеми со кои се соочува државата набргу ќе бидат решени. По 15 години Северна Македонија, вечниот кандидат за членство во ЕУ, по сите комшиски и европски неправди и блокади и по неуспесите и грешките на неспособните влади, набргу ќе почнат историските преговори со Брисел без да се загрозат идентитетските посебности и вековното историско минато на македонскиот народ.

По цели 18 години ќе се одржи и попис според европските стандарди штом се вакцинираме и се победи пандемијата. Вакцините ќе стасаат многу побргу отколку што најавува владата. Не верувате? Се разбира, никој разумен не верува. Не верував ни јас, ама кога Христијан Мицкоски и Александар Николоски, претседателот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, тргнаа заедно во дипломатска офанзива за спасување на Северна Македонија, за конечно да почнат преговорите со ЕУ, без условувања од Бугарија, сигурен сум дека ќе успеат, исто како што завршија работа да станеме експресно членка на НАТО. Да не ја земеа тие во свои раце работата, уште ќе бевме на прокиснување надвор од чадорот на Северноатланскиот сојуз.

Офанзивата на Мицкоски и на Николоски ќе заврши на први април, кога ќе почне и пописот како што налагаат европските правила. На 29 февруари ќе почне и масовното „пелцување“ на населението, и благодарение на мудрото раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема да останеме единствена земја на светот која се’ уште не почнала со вакцинација.

И Мицкоски ја знае реалноста, ја знае и црната дупка со иселувањето, особено во последните 15 години, кога, според извештаите од Евростат, уште до пред пет години беа легално иселени над 300.000 граѓани од Македонија. Реалноста не може да се промени со политичка блокада и непризнавање на пописот. Но, има уште нешто многу покрупно што ќе излезе од црната дупка.
Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e