Димитров: Патот беше долг, но апсолутно беше неопходно да се издржи

Чувството кога цела сала ќе ве пречека со аплауз во знак на добредојде на Северна Македонија, идната 30-та земја сојузник.

Конечно, после многу години обиди, надеж и упорност; по Вилнус групата, САД-Јадранската повелба, неброени циклуси подготовки и извештаи; по оној кобен Самит на НАТО во Букурешт, кога го изгубивме компасот и влеговме во улогата на жртва … конечно сме со земјите членки на масата.

Конечно ќе бидеме дел од најмоќната одбранбена алијанса во историјата, која обезбедува стабилност и безбедност за една милијарда луѓе, каде нападот врз една земја членка е напад врз сите (членот 5).

Патот беше долг, но апсолутно беше неопходно да се издржи. За нашата татковина.

ФБ статус на Никола Димитров

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e