Десница што лизга во хаос, блокади и страв

Зошто тоа го прави, се прашувате. Ги вадат луѓето за да се дерат, да викаат, ако може и некого да линчуваат; потоа ќе се вратат во своите домови и ќе се оддадат на својот „мегаломански“ индивидуализам. Што значи дека ги искористуваат своите човечки капацитети до крајна себичност. Сѐ она што треба да им дојде од духот, од себе, на ВМРО-ДПМНЕ им доаѓа од странство: ги добиваат агендите од Будимпешта спакувани, залепени и тазе.

Бидејќи не можат себеси да се видат како Европејци, бидејќи таквиот свет им е комплициран во сите негови практики, секогаш им се враќаат на „националните собиранки“. Притоа не сфаќаат дека таквите „национални собиранки“ ги доведоа тамо каде што се: во злосторство, судења и затвори. Или што би се рекло, памет не им доаѓа!

Кај нас изгледа е скандал ако некоја политичка структура ја враќа земјата во нормалност; изгледа во оваа земја е скандал ако си добар, емпатичен и неосудуван. Дури, спремен сум да одам и натаму: протестите против „дебугаризација“ низ државата не се народ – тоа одговорно го тврдам – туку групи за притисок, кои мислат дека имаат „атестирани“ апарати што можат да го мерат патриотизмот во крвта, и да соопштуваат дијагнози.

Сакам, на самиот крај, да ви кажам нешто многу важно, почитувани пријатели. Овие протести и блокади низ неколку градови во Македонија се тест.

…..

Целата колумна на Ненад Јованвиќ за Слободен печат на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e