Данке Дојчланд за „мама Меркел“!

Завршната турнеја на Ангела Меркел на Балканот, со бирање на Белград и Тирана како места за значајни политички владини и невладини средби – веројатно тој „прелет“ од Србија и Албанија преку Косово е пораката што германската канцеларка на заминување сака да ја испрати за затворањето на најгорливото статусно регионално прашање – е голем гест на еден од најважните светски политичари на современата европска и глобална политика. Во целиот свој речиси дводецениски канцеларски мандат, Меркел со посветеност ги следеше случувањата на Балканот, во својот препознатлив, „пригушен“ лидерски манир: без многу сликања и снимања, без ексклузивитети и паради, но со време и трпение да ги ислуша сите разумни страни во споровите за недоразбирањата што ги брануваа регионалните политички и општествени „води“.

Дури и кога Германците спроведуваа „дипломатски офанзиви“ кон регионот – на пример, да не заборавиме, антологиска е посетата на Меркел на Скопје во септември 2018 година, пред овдешното референдумско изјаснување за Преспанскиот договор – тоа никогаш не биле спектакли во стилот на „американската коњица“ или руското подземно и надземно ’ржење. Но, пораките биле јасни и конструктивни, со почитување на локалните фактори како двигатели на регионалните собитија.

Таа нејзина посветеност кон Балканот се покажа како исклучително важен пристап, бидејќи европската и светската политика во минатава деценија поминаа низ толку стресови и турбуленции, што да не беше канцеларката Меркел на важната лидерска сцена во светот, Балканот сигурно ќе беше многу почесто и многу повеќе потпикнуван „под тепихот“ на континенталната политика. Од неа потекна и „Берлинскиот процес“ во 2014 година, кога другите важни лидери на ЕУ на процесот на проширување на Унијата гледаа како на „политичка лепра“ за нивните домашни изборни агенди.

Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e