Да се потпише договорот со Бугарија

Во 1999 година тогашниот СДСМ, како опозиција, која кокетираше со македонскиот национализам, ја критикуваше и не ја подржа Декларацијата за добрососедство што ја потпишаа Георгиевски и Костов.
Настаните што следуваа покажаа дека тоа беше мудар и храбар потез. Врз основа на решенијата од таа Декларација, Макединија и Бугарија ги потпишаа сите релевантни меѓудржавни договори за соработка во сите области. Не треба да се заборави и фактот дека Буграрија во 1994 и 1995 година и помогна на Македонија да ја преброди кризата кога Грција и наметна економска блокада на Македонија со цел да изврши притисок за промена на Уставот. Бугарија тогаш ги отвори вратите за увоз на нафта и на сите потребни производи од пристаништето Бургас.
Оттука. Блиската историја не подучува дека Договорот за добрососедство треба да биде потпишан и покрај критиките и негодувањето од некогашната партија на Георгиевски. Тие овој пат слободно нека не гласаат и тоа никого не треба да загрижува. Нека кокетираат со македонскиот национализам и нека изиграваат уште некое време непопустливи патриоти кои се противат на било каков комромис со соседите.
Потпишувањето на Договорот ќе биде само уште една потврда за храброста и рештелноста на премиерот Заев.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e