Чкатроски: Датум им треба само на нашите политички елити и само заради себе

Како и секоја година така и оваа ви посакувам многу добро здравје и добар живот во годината која иди. Ова е само приватна колумна до вас и не е наменета за политичарите. Посебно не за тие со слабо срце.

Дел 3 – Македонија и регионот

Датум ете тешко и во и до март. А,датум ни треба заради себе и изборите.

Да, ДАТУМ им треба само на нашите политички елити и само заради себе.

И без разлика што сум млател празна слама за Датум ,како таков го сметам за потврда за нашето долго патување до ЕУ.

Без да лицитираме,а посебно што го знаеме капацитетот на оваа администрација. Толку не ја бива инаку до сега ќе заминеше во Германија.
Долг е патот со ДАТУМ до ЕУ. Извинете но на долго и широко веќе 6 месеци заговарам ,дома но посебно во странство дека да го скратиме патот, заслуживме и нас ни е неопходна некаква поинаква политичка одлука на ЕУ.

Се кршам заради ДАТУМ што им е потребен како воздух на нашите политички елити кои мојот предлог би бил малку во скратена постапка. Тешко до душа објаснив на народот и еве го-

1.Да Макрон не победи нас ,а ние да победиме ,заради што нема услови да добиеме нешто ни во март ни во мај, предлагам Макрон да не ретерира.

Толку да биде под притисок да мора да ни го даде на крај за Вин/Вин ситуација ДОГОВОРОТ – НОРВЕШКА-ЕУ.

Политичките елити не разбираат точно што зборувам за договорот Норвешка-Еу ,па би сакал во две три реченици да им опишам-

1.Се кладам со вас дека вие сте опкружени со такви трупови од советници да не гледаат дека Малиот Шенген Сојуз ќе ја упропасти нашата економија.

Би рекол дека во земјоделието и производството на храна ќе настрадаат 20.000 луѓе отприлика. И тоа не е се..Ќе не убија субвенционираната стока производена во земјите на Малиот Шенген,а посебно Србија.

2.Замислете што ќе ни направи стоката од ЕУ онаа субвенционираната.

И затоа дојдов до еден заклучок- Нас датум сега не ни треба. Просто со ДАТУМ има да одиме кон ЕУ едно 15-20 години. Мрзи сме.

Со Норвешки договор имаме – Заштита на секаква стока која е субвенционирана од ЕУ.И малку други нешта но поволни за нашата економија.

Со ваков договор би можеле до (се би зависело од политички момент во ЕУ)доколку го сработиме и имплементираме овој договор, би можеле одма или во даден или добар момент да се придружиме на ЕУ.

Јас тврдам дека постапката за полноправно членство би се преполовил од постапката ДАТУМ па ДАТУМ.

Ваквиот развој на настаните ,можеби и бара мало одложување на изборите на пример до јуни.

Вмро-Дпмне ,СДСМ,ДУИ и другите партии се разбира дека би го прифатиле.

Да не заборавиме дека Зоран Заев по сегашниот тајминг си оди на 3.јануари 2020 година.

Не би бил сигурен 100% дека ќе се врати потоа. Ете си има мала можност ,да добие избори и да не биде .Ако ги изгуби, секако нема да биде.

Но кога ја погледниме сегашната распарталавена опозиција со Мицкоски на чело и длабоко ја анализираме идеме до еден заклучок-

1.Мицкоски е под притисок на неколку многу моќни групи

2.Ако Мицкоски не направи влада,тогаш денови се прашање кога ќе го протераат од Вмро-Дпмне.

Значи заканата кон него не иде само од Будимпешта.

За да биде со него се во ред ,веројатно е добро да отпочне тајни пред изборни ,нешто слично на Пржински договори ,а при тоа Макрон да се
кандиса и во мај да ни даде -Договор Норвешка.Датум и не мора.

Тогаш пост изборно спрема освоени проценти ( за жал на ДУИ) нека си земат позициите во широката влада и нека го поминат овој Договор Норвешка ем да си изгласаат за месеци се во парламент и да си седнат да го имплементираат.

Реформите во Администрацијата – Па на негативно конто на сите во влада.

Еднаш и тоа мора.
Да,Мицкоски само така ќе истрае до други избори ,а со помош на СДСМ ќе може да се спаси од притисоците и од внатре и од Будимпешта.
Сето ова што го напишав горе,нашминкано и погодено за ваша дигестација,партиите и можат да ви го продадат.Во оваа ситуација веќе и со

излезноста на избори ќе се калкулира. Иако не е битна може да има неверојатен ефект по СДСМ ама и по ВМРО-ДПМНЕ.

Одиме на избори. Значи имаме ситуација кога Зоран Заев заминува од премиерската позиција на 3.01.2020.

ФБ статус на Даме Чкатроски

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e