Браво за договорот

Браво за договорот.

Договарањето е репер на цивилизираност, на зрелост и на грижа за благосостојбата и добробитта на граѓаните.

Ни требаа повеќе години отколку што би требало, меѓутоа ова се Балканите. Тука луѓето подоцна созреваат.

Ќе треба многу да се работи на отстранувањето на историските заблуди и измами, на градењето на граѓанскиот идентитет, и на развојот на себепочитување кое се базира на денешните достигнувања, наместо на легендите и митовите чии корени се губат во маглата на минатото.

Договорите не се свети книги. Тие се развиваат и се прилагодуваат на нови ситуации. Меѓутоа тие се најдоброто поврзочно нешто кое што денес го имаат луѓето.

Честитки.

Мирјана Најчевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e