Богојески: Дволично е Мицкоски да се залага за возобновување на “македонизмот”, а да не поима што тоа значи!

Петар Богојески, поранешниот заменик- генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, познат и како еден од иницијаторите за реформи во партијата на граѓаните, какко што пишува, на македонската Република им го честита денешниот празник 11-ти Октомври, Ден на народното востание!
Македонија е на сите нас! – порача тој во својата објава на ФБ профилот.

Богојески констатира дека овој празник се користи за собирање на политички поени, без да им се соопшти на граѓаните зошто овој ден е оспоруван од дел од граѓаните на МК или од нашите соседи?

„Дволично е т.н. лидер на македонското ВМРО, Христијан Мицкоски денес да ни честита празник, а притоа да не даде одговор на прашањето: Каде било ВМРО на 11ти Октомври? Дволично е да се залага за возобновување на “македонизмот”, а да не поима што тоа значи!“ – пишува Богојески.
Лидерот на “македонската левица”, Зоран Заев е покомотен по тоа прашање, но одбегнува да ја соопшти вистината, на која толку многу инсистираат соседите!
Богојески потенцира дека денес живееме во независна држава, воспоставена на северниот дел од територијата на Македонија! Денес го живееме сонот за Обединета Македонија во Обединета Европа!

„На истиот начин се делеле и македонските Албанци и Срби! Историјата е сурова кон нас, се поиграла и со едните и со другите! Време е ние, внуците и на едните и на другите, да се обединиме, да станеме едно, да застанеме рамо до рамо во име на најсветото за нашите дедовци, во име на државноста, под бајракот на Републиката!

Ова е мојата вистина, немора да биде твојата!
Но оваа “вистина” е добра за конечно решение за 11ти Октомври и воспоставување на добрососедство на Балканот!  – пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e