Богоевски: И Трамп како Груевски ги пушти низ вода тие што рушеа демократија во негово име

Вчера, Трамп објави видео на Твитер. Речиси идентично на груевски по 27ми, тој ги осуди насилствата и побара казна за виновниците. Исто како и груевски, тој ги пушти низ вода тие кои ги убеди да ја рушат демократијата во негово име. Бидејќи во спротивно, нема суд кој би го прогласисл за невин по неговиот говор со кој ја насочи толпата кон Капитол Хил.

Останаа уште грст републиканци и медиумски мегафони кои хистерично говорат за изборни измами и наводна вклученост на радикални левичари кои ги поттикнале насилствата.

На ваквите луѓе, воопшто не им е гајле за своите приврзаници. Гајле им е само за својата кожа, чија единствена надеж во ваквите случаи е жртвувањето на масите кои стојат зад нив.

Веќе видено. Тоа е таа популистичка школа на гласови преку омраза и јавно мислење преку трол културата на социјаните медиуми. Тоа е тоа урнисување на демократијата преку милитаризација на јавниот дискурс и екстремна поларизација на населението која во реалноста не може да има друг крај освен насилна манифестација на омразата која внимателно и плански е всадена во широките маси.

Проблемот е што Трамп заминува на 20ти Јануари – но неговите милиони приврзаници, полни со теории на заговор, омраза и индоктринација за одбрана од непостоечни закани остануваат да бидат најголемата група во републиканското гласачко тело. Овие луѓе ќе останат гладни за радикален политички дискурс, кој ќе го најдат на друго место, ако не им биде понуден од Републиканците.

И се разбира, Русија, Кина и нивните испрдоци од национални партии ширум светот едвај чекаа за да ја прогласат демократијата за мртва и да се ситат на плодовите на нивните децениски напори за подривање на демократските системи.

ФБ статус на Павле Богоевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e