Богоевски: Секоја сериозна реформа на судството мора да почне од Уставните судии

Претседателот на Уставниот Суд, Сали Мурати ги избрка новинарите од зградата на Судот, каде во моментов има средба со ЕУ Амбасадорот во РСМ. Содржината на средбата очигледно е тајна.

Само за потсетување, сѐ уште не е одржано гласањето по чл.353 од Кривичниот Законик. ЕУ имаше забелешки за овој член, уште во времето кога владата на груевски го предложи Законот.

Откако груевски одби да го промени членот и тој, во оваа форма стана дел од нашиот правен систем, СЈО ги изгради мнозинството постапки токму околу овој член. Неговото укинување или поништување би ги уништило сите останати постапки на СЈО.

Кога минатиот пат расправаше по оваа иницјатива, Судот сметаше дека е потребна „дополнителна дебата“ за да ги разјаснат работите. Тогашната состојба беше 4 ЗА, 4 ПРОТИВ и еден Судија се мислеше.

Дали оваа средба е дебатата која треба да му даде покритие на Судот да ги уништи и останатите постапки? Зад затворени врати и во тајност?

Уставните судии се врвот на сервилноста во нашиот судски систем. Беа, се и останаа партиски послушници, а секоја сериозна реформа на судството мора да почне токму од нив.

Туку, кој е ставот на ДУИ (и судиите на ДУИ) по ова прашање? Дали сѐ уште се за владеење на правото, правна држава и одговорност за делата поврзани со прислушкуваните материјали?

Се шегувам, друштво. Одговорот на ова прашање, за жал одамна ни е познат на сите.

ФБ статус на Павле Богоевски

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e