Богоевски: Можеби нашата најголема грешка беше тоа што криминалците по изборите продолживме да ги третираме како политичари

По преслушување на вчерашните снимки, во исчекување сум нашиот најнов соборец за владеење на право и правна држава и според геро – најчесниот бизнисмен на планетава, Камчев, да го одбележи меѓународниов ден за борба против корупцијата.

Барем симболично, во кругот на најблиските.

Нам не ни требаат лидери „кои ќе се договорат“. Да, договорот и компромисот се с’ржта на секоја демократија, но тоа подразбира јавен договор помеѓу позиција и опозиција кои различно, ама искрено мислат за тоа што е најдобро за граѓаните. Не подразбира преговарање зад затворена врата помеѓу криминалци и луѓето кои се обврзале да ги спречат.

Доста ни беа закани за крв до колена. Доста ни беше гинење. Таквите луѓе не припаѓаат пред камера, туку зад решетки. Уште помалку припаѓаат на функции.

Можеби нашата најголема грешка беше тоа што криминалците по изборите продолживме да ги третираме како политичари, а не како тоа што навистина се – општествена, коруптивна зараза, која ако остане нечепната ќе го уништи и здравиот дел од општественото ткиво. Тоа што решивме да идеме хируршки и со скалпел таму каде требаше со булдожер. Тоа што верувавме дека нивното судство може да ја донесе нашата правда.

Стратешките цели се постигнати – Северна Македонија денес е едно општество кое веќе е во НАТО и кое гордо и сигурно чекори кон ЕУ. Големата слика е исцртана. Сега е на ред бескомпромисно посветување на принципите кои во најмрачните времиња на режимот го сплотија ова општество во еден и единствен, многу моќен глас.

ФБ статус на Павле Богоевски

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e