Богоевски: Ефтино националистичко и популистичко политиканство

Османи: Преговорите за влада ќе се водат во Собранието, нема потреба Ахмети да тропа на Бихаќка или Заев во Мала Речица.

Според него, по конститутивната седница на Собранието, во тие десет дена кој ќе го информира претседателот на државата дека има мнозинство тој го добива мандатот.

Ова е тоа ефтино националистичко и популистичко политиканство, друштво. Прво ќе го наполнат гласачкото тело со националистичка реторика која немаат ниту шанса, а ниту намера да ја реализираат – потоа глумат разумни и зрели политичари повикувајќи на смиреност и дијалог.

Тоа што останува како последица не е само горкиот вкус кај сите кои следат од страна, туку и многу реална празнина и разочараност кај населението кое го оставиле да очекува работи кои никогаш нема да се случат. Ова чуство, повторно преку популистичка реторика ќе му се препише на “непријателот”, па потоа ќе се ветуваат уште поголеми и порадикални работи – во зависност од потребите на некоја идна изборна ќампања.

И така, се’ во еден голем круг на креирање омраза. Повторно и повторно. Истото се случува и со македонските партии со националистичка реторика, само што тие не ветуваат премиер Албанец. Тие ветуваат нешто уште понереално – надеж за поништување на договорите со Бугарија и Грција и укинување на Рамковниот договор, оставајќи уште поголем гнев кај граѓаните кои потоа утехата ќе ја бараат во нов, уште порадикален глас со уште порадикални ветувања.

п.с. Процедурата не е како што ја опишува Османи. Формирањето влада не е отворена трка каде кој стигне собира потписи бркајќи го мандатот, туку прецизна процедура, каде мандатот прво му се доделува на победникот кој има рок да оформи мнозинство. Доколку не успее, мандатот се доделува на вториот, итн. Од 2016 г., практиката е вториот мандатор да достави потписи од 61 пратеник за да го добие мандатот. Допрва ќе видиме дали и како ќе се применува ова правило.

ФБ статус на Павле Богоевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e