Бабиќ-Јанеска: Драги пратеници (сегашни и идни), не заборавајте, ние сме ваши работодавачи

Според законот за работни односи, неисполнување на работните обврски, недоаѓањето на работа, шарлатанско однесување, лажењето и ред други непринципиелни однесувања доведуваат до престанок на работниот однос. Е па драги пратеници (сегашни и идни), не заборавајте, ние сме ваши работодавачи, што претпоставува дека сме ви ПРЕТПОСТАВЕНИ. Е од каде тогаш вашата ароганција кон НАРОДОТ РАБОТОДАВАЧ? Зошто мислите дека вие сте тие важните? А зошто пак ние народот трчаме да се поздравиме со вас, да се сликаме со вас. Тоа треба вие да го правите. Зарем никој не ви кажал дека вие сте СЛУГИ на народот.

Заклучокот е дека, барем кај нас, работите се поставени на глава, а стој на глава не трае долго. Треба цврсто да стоиме на нозе за да траеме, а за тоа треба народот (demos) да е главен, оти демек сме демократска земја.

Народе, писаниево е за нас-народот, за конечно да разбереме кој е главен во државата, а разните, митревци, петревци, рамповци да погледнат надолу оти одејќи со главата во облаци го губат тлото под нозете.
А сега, што би рекол Боки Бургија

Тенкју вери мач и фала многу пријатно.

ФБ статус на Гордана Бабиќ-Јанеска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e