Ангеловска: Ако сакаме да се избориме со дискриминацијата и неправдата кон жените мораме да започнеме од нашите домови

НемаОправдување за „кревање рака”. Нема оправдување за замавнување, навредување или повишување на тонот кон девојчињата, жените.

Ако сакаме да се избориме со дискриминацијата и неправдата кон жените мораме да започнеме од нашите домови. Ако жената не може да се чувствува безбедна во својот сопствен дом како да очекуваме дека ќе се чувствува безбедна било каде?

Најголемото насилство кон жените се случува токму дома, од нивните партнери. Помислите и глетките веројатно нè вознемируваат сите освен оние кои се осмелиле да кренат рака на својата жена.

Настаните како овој ја креваат свеста, но за се Стави точка на примитивизмот потебно е многу повеќе! Потребна е многу повеќе добрина, емпатија, човечност и вистински вредности.

На светот му се потребни повеќе луѓе со кои ќе се гордее, а помалку од кои ќе се срами.

ФБ статус на Нина Ангеловска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e