Зошто e имиџот важен во шоу-бизнисот

Шоу бизнисот е бизнис на првите впечатоци. Луѓето носат одлука за она што мислат за Вас во првите неколку секунди од кога ќе ве видат. Но, тука е и клучот – луѓето не добиваат впечаток за Вас, тие добиваат впечаток за сликата што ја проектирате. Тоа е причината зошто талентот не е доволен да се успее во овој бизнис. Многу музичари имаат талент. Но, ако тие не направат се’ што можат околу тоа – ако  не го спакуваат тоа на начин кој навистина се поврзува со другите – тоа нема да функционира. Тие нема да го привлечат вниманието на индустријата кое го заслужуваат.

Затоа е важно да се дефинира изгледот, исто колку што е важно се дефинира звукот.

2948991-grammy-and-oscar-winning-recording-artist-prince-performs.jpg.CROP.promo-xlarge2

Ако сакате да се биде успешен уметник, треба да дејстувате и делувате соодветно. Ако очекувате луѓето да купат вашите записи и купат списанија во кои сте прикажани , да обрнете внимание на себе,треба да се издвоите, да изгледате како “ѕвезда”. Да се биде различен. Да се создаде уникатен имиџ кој ќе биде познат и кој ќе се памети.

Зборот “уметник” треба да ни даде визуелна слика за нешто вонредно , убава слика, нешто свежо и фасцинантно и одушевувачко, артистичко дело . Продукт на артист.

Секој си има омилен артист. Некој кој му останал запаметен поинаков по свое видување.Кога ќе помислиме за некои од нашите омилени уметници каков вид на слика ни доаѓа на ум. Различен, контраверзен, забавен, со став ,интегридет и персоналитет , бунтовен .Артист со срце и став и fashion statement. Принс на пример?

prince-conga-room-performance-2009-billboard-650-1548

Покрај тоа што е еден од најважните уметници во музичката индустрија, Принс (заедно со Дејвид Боуви)го редефинира она што значи да се биде човек на сцената. Исто толку круцијално, тој ни покажа како вистински да се состави посебен идентитет во стилот. Неговиот “се е можно” менталитет влијаеше на трансформирање на односот помеѓу модата и музиката.

Да се слуша музиката на Принс беше ритуал за многумина од нас, исто како(и честопати придружно) ритуалот на подготовка за излегување. “U got the look / U musta took a whole hour just to make up your face,”, ни велеше тој додека се прашуваме дали треба да се китиме или не. Песните на Принс не натераа да размислуваме и да се инспирираме ,да живееме (и да се облекуваме на тој начин, исто така). Што е најважно, тие направија да се чувствуваме разбрани но и да се почуствуваме со самодоверба. Во исто време тие извршија влијание и на голем број други артисти.

14713651_10153923227471406_407378488512496858_n

Уште од старт на својата артистичка кариера нашиот Александар Ристовски –Принц сосем промислено , осмислено и замислено ја редефинираше својата очигледна артистичка референца одбегнувајки ја притоа свесно и вешто замката да биде бледа копија на својата инспиративна точка.

Како во музиката така и во имиџот потполно свесен за неговото значење во целата приказна во тоа време успева во своето медиумско пласирање својата инспирација да ја преточи во сопствена автентична естрадна појава.

14721489_1067834133313958_8601245696065308818_nПо подолга пауза со концертот од пред некој ден тој не потсети колку е важно за артистот да го портретира неговиот сопствен персоналитет и стил ,неговата индивидуална уникатност и она што тој навистина е.

Дека она што артистот го носи на сцена , неговиот став и и неговата музика раскажуваат приказна за него и го креираат неговиот уникатен имиџ.

Концертот на новата музичка група на Принц , „Барбарела” го покажа токму тоа. Настрана од одличната кохерентна музичка изведба на збирот на одлични музичари овој перформанс ќе остане како концерт за паметење и по тоа што ја заокружува до крај својата професионална осмисленост и со специјално осмислените аутфити на членовите на бендот. Тоа што ја има привилегијата Розе Трајчевска да биде негов најблизок можен соработник е само бонус но не и алиби за самосвеста на артистот. Нешто по кое  мнозинството од нашата страдна по автентичност естрада треба да се угледуваат.

”Нема друг бизнис каков што е шоу бизнис”!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e