Зоне исфрлена од „Ургетен центар“ оти била насилна

Актерката Катарина Радивојевиќ е исфрлена од серијата „Ургентен центар“ зашто и удрила шамар на организаторката која работи на проектот, објави српски „Курир“, повикувајќи се на изјава на Горан Стаменковиќ, сопственик на продукцијата што стои зад серијата.

Претходно Радивојевиќ изјавила дека била спорна сумата на пари што ја барала од продуцентите и дека наишла на отпор кај луѓето кои одлучувале за тоа.

Стаменковиќ пак тврдел дека висината на нејзиниот хонорар воопшто не бил проблем, туку дека причина за прекин на соработката било тоа што актерката физички ја нападнала организаторката.

– Тоа што го вели Катарина Радивојевиќ, барем во нејзиниот случај, нема допирни точки со реалноста. Со неа беа договорени сите финансиски услови. Но, ова ќе биде долго снимање и продукцијата и режијата проценија дека најважно е да има добра атмосфера на сетовите, во што таа не се вклопува. Посебно зашто еднаш и удри шамар на организаторката – изјавил Стаменковиќ за српски „Курир“.

Тој додал дека веќе нашле замена за Катарина во серијата и дека во тој проект ќе се придружат доста звучни имиња од светот на глумата.

Во септември 2017 година излезе информација дека на Хвар ќе се снима акциониот трилер „Black money games“ во режија на Адам Рајт, а во кој со легендарниот Том Хенкс ќе глуми и српската актерка Катарина Радивојевиќ (Зоне). Во јануари 2018 година е објавено дека снимањето на филмот е одложено, но не и дека проектот е доведен во прашање.

Катарина е наградувана 38-годишна актерка, најпозната по улогата на Зоне во филмот „Зона Замфорива“. Таа одлучи кариерата да ја продолжи во САД, иако заради одделни проекти се враќа дома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e