Восочната фигура на Мерил Стрип – тотално промашување

Тоа се нарекува преценета восочна фигура…

Со треската околу Оскарот, која се повеќе расте, музејот Холивуд Мадам Тисо ја претстави восочна фигура на Мерил Стрип, со една забелешка – таа фигура воопшто не личи на Мерил Стрип, тројната добитничка на Оскар.

Таа е во златниот фустан кој актерката (67) го носеше на доделувањето на оскарите 2012 година, кога го освои третиот Оскар за нејзината улога во “The Iron Lady” од  2011 година (во кој ја играше британска премиерка Маргарет Тачер).

Clipboard0218

Актерката од Њу Џерси доби Оскар и за филмот “Изборот на Софија” од 1982 и “Крамер против Крамер” од 1979 година.

Сега е номинирана за најдобра главна улога во “Florence Foster Jenkins”, но главна фаворитка е Ема Стоун во филмот “La La Land”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e