Во реонот на Посат во хрватскиот град Дубровник деновиве е снимена последната сцена од новиот филм за популарниот англиски јунак Робин Худ.
Филмската екипа за крајот на снимањето ја остави сцената во која е прикажан пожар во едно село.
За таа цел со помош на вештачки оган и многу чад до темел беше „изгорено“ селото специјално изградено за потребите на снимањето на филмот.
Премерата на филмот за Робин Худ е предвидена за април 2018 година.