Вин Дизел ја продава својата луксузна вила: “Ѕирнете” во нејзината внатрешност

Актерот којшто е познат по филмовите The Fast and the Furious, тукушто повторно ја стави на продажба својата вила во Холивуд Хилс, којашто поседува две спални соби и три бањи.

Тој во 2000-та година го купи овој дом за половина милион долари, а сега сака да го продаде по цена од 1.395 милиони. Претходно, тој својата вила ја изнајмуваше за 6.000 долари месечно.

Оваа вила е изградена во 1957-та година, и претставува современа градба којашто е вистинско олицетворение на класичниот стил. Таа е сокриена зад ограда од цигли, а опкружена е со бујна градина и покриен павилјон со простории за уживање и медитација.

 

 

 


Главната спална соба е навистина префинет простор со пространи вградени плакари и француски врати.

Кујната пак поседува шармантен стил и се отвора кон сончевата трпезарија, со акцент на мексиканските подови, вградената скара и работните површини од исклучително висок квалитет.

 

 

 


Одвоената работна соба е уште еден удобен простор со француски врати коишто се отвораат кон приватната градина.

Големиот базен и спа одделот пак се совршени завршни допири на оваа холивудска оаза, па може слободно да претпоставиме дека оваа вила набрзо ќе биде и продадена.

 

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e