(ВИДЕО) Уште како дете бил наклонет кон музиката: Погледнете како изгледал Жељко Јоксимовиќ кога имал само 4 години

Пејачот Жељко Јоксимовиќ денес важи за еден од најпрепознатливите уметници на Балканот. Покрај музичката кариера, тој се посвети и на продукциската работа, а малкумина знаат дека уште како дете свирел на хармоника.

Имено, Јоксимовиќ уште на четири години станал ѕвезда затоа што бил најдобар хармоникаш меѓу своите врсници.

Во 1977 година РТС направила прилог за ова талентирано момче од Ваљево, а видеото е објавено на платформата Јутуб.
Новинарот што го направил видеото вели дека бабата на Жељко им пишала дека ако доаѓаат во Ваљево задолжително треба да го снимаат ова момче кое за негови години многу добро свири на хармоника.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e