(ВИДЕО) Таткото на Наташа Беквалац: Ќе побарам од Лука да ми каже во очи зошто крена рака на ќерка ми и зошто ме лажеше

Sо терминот насилство над жените се означува секоја акт на родово базирано насилство, кој резултира или може да резултира со физичко, сексуално или психичко наштетување или страдање на жените, вклучувајќи ги и заканите за такви дејства, присила или арбитрирано лишување од слобода, без разлика дали тоа се случува во приватниот или во јавниот живот, како и лишување што произлегува од социо-економската структура во општеството“. – Декларација против насилството врз жената. Генералното собрание, Обединетите нации, (Резолуција 48/104 од декември 1993 година)

Но, кај нас и во блиското соседство оваа резолуција служи само да се прочита, но не и да се применува. Последен и најактуелен пример е случајот со кавгата помеѓу Наташа Беквалац и нејзиниот сопруг. Во медиумите се појавија фотографии на кои што се гледаат траги од насилство на лицето од пејачката – модринки и рани.

После ваков настан неминовна е и рекцијата на блиските пријатели, роднини и родители на директно засегнатата Наташа.

Таткото Драгољуб, сведочи што таа му кажала после инцидентот и што има намера да преземе околу сето ова.

„Ќе побарам од Лука Лазукиќ да ми објасни зошто крена рака на ќерка ми и зошто ме лажеше цело време“, открива таткото на Наташа Беквалац.

Тој раскажува што му кажала Наташа откако сопругот Лука ја нападнал. Таткото на Беквалац тврди дека Лука е професионален жиголо и манипулатор кој и направил дете на ќерка му затоа што само така можел да дојде до нејзиното богатство. Драгољуб раскажува зошто Наташа молчела кога дознала се за Лука, но и што ќе му каже тој кога ќе го повика да разговараат очи в очи.

„Сме имале среќа и тој и јас што не беше тука кога дојдов во Белград“, раскажува Беквалац за се уште законскиот зет Лука Лазукиќ кој ја тепаше ќерка му. Драгољуб вели дека со Лазукиќ нема да се сретне случајно.

„Ќе го повикам да се сретнеме. Нема да дозволам да се сретнеме во момент кога нема да можам да гарантирам за сопственото однесување. Тие мои чувства не можат да исчезнат кога знам каков монструм ми го унакази детето. Ќе го повикам, исто како што го повикав пред една година да се видиме, да се погледнеме во очи, а јас ќе можам да се контролирам. Ќе се потрудам да се сретнеме. Се надевам дека ќе собере храброст да излезе пред мене, а мислам дека ќе дојде заради страв од јавен пораз. Подготвен сум да зборувам со него и на телевизија, да се гледаме во очи, да се видат и мојата и неговата вистина. Да ми ги покаже апартманите на Ибица и во Грција, да го прашам што му значеше тоа „Наташа, препиши ми го имотот мене за да можам да вложувам во него“ или „Наташа, треба да го продадеме станот, ќе го купи мојата фирма, па ќе имаме и пари и стан“, раскажува Драгољуб.

Изјавата на таткото на поп ѕвездата Наташа за српски „Блиц“ во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e