(ВИДЕО) Тарабунов со нов летен хит со наслов „Дај ми“

Александар Тарабунов – Тара повторно ги изненади фановите со нова песна, летен хит кој го носи името „Дај ми“. Наместо класичен видео – запис, Тара овојпат со интересно lyric видео преку кое што е ставен акцент на текстот во песната кој што е дело на самиот Тара. Тој ги потпишува и музиката и аранжманот.

-Времето поминато дома го користам продуктивно, во компонирање и создавање музика. Сосема спонтано и случајно излезе „Дај ми“, тема која е што е комплетно мое авторско дело и за која што се надевам дека публиката ќе ја прифати и ќе им се допадне. Не отстапував ниту овојпат од звукот кој што е препознатлив за мене, откри пејачот.

„Дај ми“ официјално е објавена на Јутјуб каналот на Тарабунов кој што после извесен период пауза повторно е активен, а на истиот покрај новата песна, можете да најдете и дел од темите кои што ја имаат одбележано неговата досегашна кариера. Каналот го носи неговото име и презиме – Александар Тарабунов и на истиот можете да се претплатите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e