Познатата македонска поп пејачка Тамара Тодевска денес го слави својот 35. роденден, па по тој повод одлучи да ги израдува своите фанови со споделување на новата англиска песна „Rise“.
„Rise“ е англиска верзија на нејзината песна „Слобода“, која ја објави минатата недела, a чиј текст е дело на Игор Џамбазов, музиката на Роберт Билбилов, а за аранжманот беше задолжен Дарко Димитров.
Песната инаку има три верзии, македонска, српска и англиска.