(ВИДЕО) Снимен е филм за судењето на Џони Деп и поранешната сопруга Амбер Херд

Откако заврши возбудливиот судски спор меѓу поранешната актерска двојка Џони Деп и Амбер Херд, објавен е трејлер за играниот филм „Hot Take: The Depp/Heard Trial“.

Трејлерот беше објавен на американската платформа за стриминг Туби, а актерската екипа ја сочинуваат Марк Хапка (Деп), Меган Давис (Херд), Мари Каринг како нејзина адвокатка (Елејн Бредехофт) и Мелиса Марти како адвокатката на Деп (Камила Васкез).

За потсетување, Деп ја тужеше својата поранешна сопруга за клевета и бараше 50 милиони долари за текстот што го објавила во Вашингтон пост во 2018 година, во кој пишувала за семејно насилство.

Иако не го споменала директно, текстот негативно се одрази на неговата кариера, па тие завршија на суд. Поротата на крајот застана на страната на актерот и му беа доделени 10 милиони долари за одштета и 5 милиони долари за надомест на штета. Амбер Херд доби противтужба за клевета и два милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e